Нашата пејачка Сара Мејс деновиве ужива во убавините на Маврово заедно со својот сопруг, водителот Димитар Атанасовски и нивната ќерка Илина.
Димитар и Сара на социјалната мрежа „Инстаграм“, со своите пријатели и обожаватели споделуваат интересни фотографии и кратки видеа со кои ја доловуваат прекрасната снежна атмосфера.
Тие се љубители на зимските спортови, па очигледно и нивната ќерка ја наследила пасијата кон снежните авантури уште од мали нозе.
Со нив е и актерот Тино Костадиновски, кој сега е во улога на инструктор и ја учи двегодишната Илина да „борда“ на снегот.
„Железото се кова додека е топло“, се шегуваше актерот.
Сара на својот инстаграм-профил сподели фотографија од својата ќеркичка која како вистински професионалец е облечена во целосна зимска опрема.
„И она ќе бордала“, напиша Сара во описот на фотографијата.