Орангутанот кој во црни кратки панталони без пардон ја пипка, ја гушка и ја бакнува посетителката на зоолошка градина на Тајланд расположи многумина.
Фитнес-инструкторката Канјапат Сирипак, седнала на клупа покрај добро истренираниот орангутан кој не ги тргнал рацете од неа.
„Орангутанот е толку сладок. Добро се насмеав и јас и сите што гледаа. Мислам дека многу добро се грижат за него, баш е посебен“, рекла Канјапат.
И покрај забавниот настан, групите за заштита на правата на животните предупредиле дека допирањето на животните во зоолошките градини за време на пандемија може да предизвика ширење на коронавирусот, па барале од властите на Тајланд да забранат контакт на луѓето со егзотичните животни поради фотографирање.
ПЕТА предупредила дека на тој начин ранливите животни кои и така имаат слаб имунитет се изложуваат на сериозен ризик од зараза со ковид-19.