Италијанскиот архитект Стефано Боери и неговиот тим на крајот на јануари беа наградени за проектот „Вертикални шуми во Милано“ (Bosco verticale).

Концептот се состои од високи згради во кои се интегрирани дрвја и зеленило. Овие згради се еквивалентни на илјадници квадратни метри шума, а на терасите ќе има околу 800 садници од дрвја (480 големи и средни, 300 помали, 15.000 билки и 5.000 грмушки).

Новата вертикална шума во Милано ќе „вшмука“ 14 тони јаглерод диоксид и ќе произведува девет тони кислород секоја година!

Најдоброто од сè е што кулата сама ќе произведува 65 проценти од своите енергетски потреби бидејќи ќе има илјадници соларни панели.

Архитектонското биро на Стефан Боери ги претвора градовите во урбани шуми од 2014 година.

Погледнете ги веќе постоечките вертикални шуми во Милано.

Profimedia
Profimedia