На крајот на декември, Мадона со нејзиното момче и децата „побегнаа“ во Малави, Африка, а по пат „застанаа“ и во Египет. Со нив го понеле и нејзиниот личен фотограф Рикардо Гомеш за да го документира целото патување.

Пејачката Мадона (62) во последните три недели посети пет различни држави, иако речиси целиот свет се соочува со пандемијата на коронавирус. Како што пишуваат странските медиуми, тие полетале со приватен авион.

Instagram
Instagram

Мадона заедно со нејзиното момче, американскиот танчер и кореограф Ахламалик Вилијамс (26), четирите деца Дејвид Бенд (15), Мерси Џејмс  (14), близнаците Естер и Стела (8) заминале на патувањето. А подоцна им се придружил и најстариот син на Мадона, Роко (20).

Instagram
Instagram

Импресиите од патувањето, Мадона ги споделува со видеа својот инстаграм – профил во вид на документарен филм.

Instagram
Принтскрин од видео / Instagram

На крајот на декември, тие заминаа во Малави во Африка каде се сретнаа и со претседателот Лазарус Чаквер. Мадона се дружеше со локалното население и ја посети болницата која воедно е основана од донација од пејачката.

Парот подоцна заминале во Кенија, а Мадона на социјалните мрежи се пофали дека помладиот дечко го однела да го види и племето Поток во западна Кенија.

Instagram
Принтскрин од видео / Instagram

Пред патувањето, целото семејство се тестирало за ковид-19 и сите биле негативни на коронавирусот.

Instagram
Принтскрин од видео / Instagram