ЈуТјуб – ѕвездата Меди Ламберт од Тексас, денес со полни 17 години, пред јавноста отворено зборува за трауматскиот период кога останала бремена како 13 – годишно девојче и за соочувањето со ужасните коментари, навреди и притискот да абортира дури и во седмиот месец од бременоста.
Медиумите откриле дека таа добивала и бројни сурови пораки за време на нејзнината бременост со содржина, како на пример „Се надевам дека ќе умреш при породување“, а некои дури отишле дотаму што и испратиле броеви за контакт и линкови до страници со клиники за абортус, пренесува „Дејли Стар“ .
И покрај упорното инсистирање на околината да не го задржи бебето, младата девојка сепак решила да го роди, а денес вели дека мајчинството е суштината на нејзиниот живот.
„Кога останав бремена, бев преплашен од реакциите што ќе следат и навистина имаше толку многу негативни коментари и омраза околу мене. Секој имаше нешто да ми каже и не се воздржуваа и воопшто не бираа зборови. Ми зборуваа дека ќе си го уништам животот, ми предложија абортус дури во седмиот месец од бременоста, дури добив пораки дека посакуваат смрт за мене и за бебето“, изјавила младата девојка.
Меди истакнува дека коментарите само ја охрабрувале да се реализира како мајка. Таа денес ја има ќерката Еверли и вели дека таа и го спасила животот.
„Омразата ме натера да тргнам по подобриот пат и да им покажам на сите дека можам да бидам најдобрата мајка. Мојата ќерка не само што го промени мојот живот, таа буквално ми го спаси животот. Јас се борев со депресија, дури и се обидував да се самоубијам пред да забременам бидејќи имав проблем да го најдам своето место на Земјата и да разберам зошто постојам. Кога дознав дека носам бебе, тоа ми даде причина да се борам“, изјавила оваа мајка тинејџерка.
Откако ја родила Еверли, Меди решила да го промовира и својот канал на Јутјуб на кој денес таа споделува видеа за тоа како изгледа животот на една мајка – тинејџерка. Денес има повеќе од 1,5 милиони претплатници и вели дека се надева дека нејзината приказна ќе им помогне на мајките – тинејџери да се ослободат од стигмата.
„Многу луѓе мислат дека сум лоша мајка само затоа што сум тинејџерка. Но, јас го имам истиот родителски капацитет како и секој друг на овој свет. Добра мајка е онаа кој се жртвува за своето дете. Јас го жртвував целото мое детство. Јас правам сè за неа. Таа е целиот мој свет”, заклучила Меди.