Националната електрична мрежа на Куба денеска откажа, соопшти тамошното Министерство за енергетика, предизвикувајќи широки прекини на електричната енергија во главниот град Хавана и низ островот.

Претставници на Министерството за енергетика соопштија дека електричната трафостаница во Хавана откажала, при што голем дел од западна Куба, вклучувајќи го и главниот град, останаа без струја.

Светлата беа изгаснати долж целиот брег на Хавана, изјави сведок за Ројтерс, а само неколку туристички хотели работат на генератори на гориво.

Објавите на социјалните мрежи покажуваат дека голем дел од земјата, дом на десет милиони луѓе, останаа во мрак.

Колапсот на мрежата уследи по серијата големи прекини на електрична енергија кон крајот на минатата година, што го фрли застарениот систем за производство на електрична енергија на Куба во целосен хаос поради недостиг на гориво, природни катастрофи и економска криза, додава Ројтерс.