По повеќе од една година љубителите на ноќниот живот во Ливерпул конечно уживаа. Синоќа 3.000 луѓе се собраа на огромна забава во ноќниот клуб Circus (некогашен магацин), а други 3.000 ќе се забавуваат утре на истата локација.

Всушност станува збор за нов проект, со кој се истражува потенцијалното пренесување на коронавирусот во ситуација кога сите присутни на забавата пристигнале со најнов негативен ПЦР-тест.

  Фото: Профимедиа

Тестот бил доволен за влез на забавата, не биле потребни ниту маски, ниту одржување дистанца. Всушност, луѓето се прегрнувале, се бакнувале и танцувале едни до други, како во „добрите стари времиња“.

– Луѓето се поттикнати да танцуваат, да се испотат, да уживаат, односно да се однесуваат како да е се нормално. На некои тоа им беше сосема нереално и чудно што никој не носи маска, изјави еден учесник на забавата за „Скај њуз“.

                                     Фото: Профимедиа