Голем пожар попладнево изби на отворен простор над скопското село Батинци.
Од пламените јазици зафатени се трева, грмушки и мешана шума.
Поради силниот ветер, огнот се шири со голема брзина.
„Скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигнат и два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР а нешто подоцна ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Ангелов вели дека според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар.
На лице место е и директорот на ЦУК, Мухамед Али.
„Ситуацијата постојано се следи, а интервенциите продолжуваат со цел локализирање на пожарот“, истакна Али.
Текстот (Фото+видео) Голем пожар изби над скопско Батинци, брзо се шири поради силниот ветер е превземен од МАКФАКС.