Српската пејачка Јелена Карлеуша уживаше на зимски одмор на Копаоник со своите ќерки. Таа на својот инстаграм-профил објави неколку фотографии и видео, воодушевувајќи ги своите обожаватели и следбеници.
Покрај неколкуте фотографии на снег, впечатлива беше и онаа на која позираше на гаќички, покрај сè на фотографијата, нејзините обожаватели почнаа да ги коментираат нејзините чизми од брендот „Фенти“ кои чинат 900 евра.
Снежните моменти кои Карлеуша ги сподели на социјалните мрежи, многумина оставија без здив, па за момент заборавија на скандалите поврзани со нејзинот брак со Душко Тошиќ.
Јелена уживаше во Копаоник со своите ќерки Атина и Ника, заедно со нејзиниот пријател и соработник Зоран Бирташевиќ.
Па, уживајќи во зимската идила, пејачката не ја пропушти можноста да ги почести и „загреа“ своите обожаватели на овие минусни температури.