Во сите џамии во Албанија во празнична атмосфера беа одржани утринскиот и бајрам намаз, а најмасовно беше на плоштадот Скендербег во Тирана, кој беше преполн со верници.
Ова е втора година по ред муслиманските верници во Албанија да го празнуваат Рамазан бајрам во услови на пандемија на Ковид-19.
Празничната атмосфера за кусо ја прекина немил настан, кога 40-годишен маж се обиде да се самозапали. Додека верниците се клањале, тој се полил со бензин, зборувал неразбирливо, без контрола на однесување и извикувал „Бог не постои“. Верниците биле тие кои први го совладале додека пристигнале полициски службеници кои го привеле.
Честитка по повод празникот Рамазан бајрам до верниците упати поглаварот на муслиманската заедница на Албанија, Скендер Бручај.
– Го молам Алах да ги исполни сите срца со љубов, почит и признавање, да даде благосостојба и мир во нашето општество и нашата татковина Албанија на сите луѓе во светот.. Честит и за многу години Фитер бајрам. Бог да го благослови секој ваш ден, се наведува меѓу другото во честитката на Бручај.
Фото/Видео: JOQ