Гувернерот на државата Охајо, Мајк Дивајн потпиша специјална прокламација по повод 3-ти Март, националниот празник на Република Бугарија во која има специјално признание за македонските Бугари, нивното културно-историско наследство и нивниот придонес за државата Охајо, пренесува Трибуна.

Револуцијата одбележува дека десетици илјади Бугари доаѓаат во САД од географскиот регион Македонија во почетокот на 20-ти век во потрага по слобода и спас од пустошот и ужасите од војните и востанијата таму .
Освен тоа во документот се посочува дека се навршуваат десет години од создавањето на Бугарската асоцијација Синсинати БАС), која е најактивната ваква организација во државата и под чие раководство веќе 15 години функционира бугарското неделно училиште ,,Родољубие”. Неделното училиште ,,Родољубие” е наследник на македоно-бугарското училиште од 20-те и 30-те години на 20-ти век за кое што Трибуна веќе пишуваше .

Гувернерот на државата Охајо посветува специјално внимание на храбриот новинар Џануариус Макгахан ( 1844-1878) од Њу Лексингтон Охајо кој е признат за ослободител на Бугарија благодарение на неговата поддршка за борбите на Бугарите за слобода и национална независност. Споменот на големиот новинар се одбележува секој година преку фестивалот ,.Макгахан”.

Не на последно место, државата Охајо, посочува неколку источно православни цркви , како бугарските цркви Св. ,,Тома” во Кливланд и Св. ,,Герман Аљаски” во Хадсон како и македоно-бугарски православни цркви Св. ,,Дух” во Јангстаун, Св. ,,пророк Илија” и Св. ,,Кирил и Методиј” во Лореин кои продолжуваат да служат како важни социјални и религиозни места кои ја чуваат и популаризираат бугарските култура и традиции , близу еден век.