Откако го откажа својот настап, Сека Алексиќ се подготвува да ја дочека Новата година дома со своето семејство, што ја прави многу среќна и исполнета.

Таа ја украси луксузната вила како во бајките, a заедно со нејзиниот сопруг Вељко и синовите Јаков и Јован се дружеа со Дедо Мраз во нивниот дом.

Instagram
Instagram

Во слободното време, пејачката ја користи секоја можност да им се посвети на бројните обожаватели, а денес одговараше на бројни прашања, но преку фотографии.

По тој повод, таа објави и слика од тинејџерските денови, која јавноста досега немаше можност да ја види, а во која е повеќе од препознатлива.

Instagram
Instagram

Уште тогаш имала долга коса, модерен стил на облекување, но и големи очила за сонце, кои и денес се нејзин препознатлив моден детаљ.

Погледнете како Сека изгледала како тинејџерка:

Instagram
Instagram