Познатата актерка Ева Мендес (51), иако долго време не е на малите екрани и е посветена само на своето семејство, често привлекува внимание кон себе на социјалните мрежи.
Овој пат, убавицата со кубански корени објави фотографија од себе од раната младост и покажа како се променила низ годините. Целта на објавата беше и да ѝ посака среќен роденден на пријателка која позираше со неа, но нејзината убавина сепак се најде во центарот на вниманието.
Ева позираше во костим за капење на плажа, но на таков начин што само нејзиното лице беше во фокусот. Иако веќе „зачекори“ во шестата деценија, изгледа фантастично, а коментарите од воодушевените обожаватели не изостанаа. Како и сите познати убавици, и Ева често се шпекулираше дали направила некоја пластична операција, но по оваа публикација, јасно е дека е природна убавица.
„Нереална“, „Божица“, „На здравје за оваа убавица“, „Беше и остани убава“, беа некои од коментарите.
Помина повеќе од една деценија откако Ева се појави во филм, и како што претходно изјави, „веќе не е толку заинтересирана за глума“, па затоа е прашање дали некогаш ќе се врати на малите екрани.
Таа е во врска со колегата Рајан Гослинг од 2011 година, и имаат две ќерки.
фото: принтскрин
Текстот Фотографија од нејзината младост стави крај на гласините: прекрасната актерка изгледа помладо секоја година е превземен од МАКФАКС.
		






















