Пожарникарите од Кавадарци споделија фотографии од Домот за стари лица што вчера гореше во селото Чемерско.
Евакуирани беа 30-на станари во Домот, од кои петмина беа неподвижни и никој од нив не заврши со посериозни повреди.
„Со голема пожртвуваност на персоналот на старечкиот дом и пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенцијата беше завршена со голем успех односно немаше повредени лица и пожарот беше изгаснат за многу брзо време без да се дозволи негово проширување и правење на поголема штета“, велат пожарникарите.
Пожарот се рашири од оџакот и ја зафати кровната конструкција.