Министерството за надворешни работи, ја известува јавноста дека согласно Одлуката на Владата за тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Република Бугарија, во која животот го изгубија повеќе наши државјани, сите Амбасади и Мисии во странство ги спуштиja знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост.
Истовремено , информираме дека сите наши Амбасади и Мисии имаат отворено книги на жалост, а сите закажани настани, приеми и промоции во рамките на нашите Амбасади и Мисии во деновите на жалост се откажани.