Иако во ек е пандемијата на коронавирусот, и можностите за патување во некои земји се забранети, а во некои лимитирани, сепак, тоа не ги спречи српските јавни личности да „побегнат“ на егзотични дестинации.
Пандемијата на коронавирусот и не остава баш некој голем избор на дестинации каде што може да се отпатува, додека цело време треба да се почитуваат правилата за заштита, но, тоа не ги спречило јавните личности да уживаат во далечните песочните плажи и тиркизната вода.
Тијана Максимовиќ
Младата актерка Тијана Максимовиќ ја искористи паузата од снимањето на серијата „Игра на судбината“ за да го посети Египет. Насмевката на лицето на атрактивната актерка покажува дека со цело срце уживала во одморот.
Тамара Милутиновиќ
По раскинувањето, пејачката Тамара Милутиновиќ ја искористи секоја можност да ужива, па посвежите денови во Белград ги замени со турската горештина. Тамара ужива во убавините на оваа земја, а како што се пофали, ѝ одговараат и високите надворешни температури.
Анастасија Ражнатовиќ
Ќерката на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ го замени студеното време со топлото Мексико. Анастасија Ражнатовиќ уживала во коктелите на плажа, како и со музиката на маријачите. Анастасија го покажала и витото тело и бронзениот тен.
Едита Арадиновиќ
Атрактивната пејачка Едита Арадиновиќ се одлучила за Дубаи, а никој не останал рамнодушен на нејзиното совршено тело. Покрај уживањето во топлото време, пејачката уживала и во авантурата со делфини, но и во брзото возење со скутерот.
Биљана Типсаревиќ
Шармантната дизајнерка Биљана Типсаревиќ ужива во Дубаи со сопругот, тенисерот, Јанко Типсаревиќ и со децата Емили и Ноум. Среќното семејство го користи секој момент да бидат заедно. Биљана покажала дека ја вратила совршената фигура од времето кога била девојка.
Дара Бубамара
Веќе со месеци Дара Бубамара ретко престојува во својата татковина. Дара и нејзиното помладо момче секогаш имаат подготвен куфер, па деновиве повторно го посетиле Дубаи, кој стана омилена дестинација на фолк-пејачката. Пловењето со јахта, но и едрењето станаа секојдневие на овој пар, кој уживањето во луксузот го споделуваат на социјалните мрежи.