Фондацијата Заев-Едно општество за сите донираше медицинска опрема за клиниката за пластична хиургија.
-Здравјето е нашиот живот и затоа мораме постојано да го унапредуваме. Затоа донираме во јавното здравје, а со тоа и во нашето општество и нашата иднина.
Во чест на 7 Април – Светскиот ден на здравјето, Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, претставена од д-р Венко Филипче и Славица Заева донираше хируршки микроскоп „OPMI Movena/S7“ за потребите на пациентите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје, напиша Заев на социјалните мрежи.