Премиерот Зоран Заев се ревакцинираше против Ковид 19, односно ја прими втората доза од вакцината „Синофарм“. Како што вели се чувствува добро и продолжува со работниот ден.
-Ги повикувам сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот www.vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, со цел да постигнеме колективен имунитет и да прогласиме победа врз пандемијата предизвикана од КОВИД-19, порача Заев.