Фото Дојче Веле
Канцеларката Ангела Меркел заминува, избори се одржуваат во Германија, а се следат и во Северна Македонија. Се разбира, Германија како сојузник и пријател на нашата држава, важно е да се види кој ќе ја однесе победата и каква ќе биде политиката во иднина.
Изборите се следат во живо и во амбасадата на Германија во Скопје. Таму, на иста маса лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев, друштво им прави амбасадорката Холштајн.
Не сме навикнати да ги гледаме вака заедно премиерот и лидерот на опозицијата, барем не во вакво опуштено издание. Кога биле на иста маса Заев и Мицкоски секогаш била некаква лидерска средба за преговори и договори за одредени политички прашања.