Поранешниот премиер Зоран Заев е домаќин на поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас во Струмица, кој е во приватна посета.

Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас кој денеска ми е на гости во приватна посета.

Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен.

Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности.

Инаку, во времето кога Заев беше премиер на Македонија, а Ципрас на Грција, во 2018-та година беше потпишан Договорот од Преспа со кој беше додадена придавката „Северна“ во името на нашата држава, со што е решен повеќедеценискиот спор со јужниот сосед.