Со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска за првпат во Крива Паланка се организираше „Фестивал на храна“.

Како што соопшти градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски на премиерното издание имало над 70 изложувачи на органска храна, понуди со специјалитети и производи од поднебјето на Осоговието, како и од Берово, Струмица, Струга, Неготино, Куманово, Кавадарци, Кратово…

„Богатство од вкусови на храна и пијалаци, кривопаланечки симит, вино, мед, сѐ што е одлика на богатата, препознатлива, автентична македонска кујна денес пред бројните посетители беше достапно за дегустација и презентација“, објави Митовски.