Голем број на реакции има за новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со кој ќе настапи на историското ЕП. Откако својот став го кажа Горан Пандев, со реакција на социјалните мрежи се јави и најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова.
– Никој никогаш нема да разбере колку има претрпено мојата земја, треба вистинска сила и достоинство да се биде дел од оваа земја МАКЕДОНИЈА, борбата никогаш нема да престане ! Црвено – жолта тоа е боја за која живот даваме, напиша Андонова.