Навивачката група „Комити“ на својата фејсбук страница објави фотографија, помалку морбидна, но со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Вардар, можеби и не е далеку од вистинита. Имено, Вардат тоне, се наѓа на претпоследното место на табелата, во лоша финансиска ситуација е, во долгови до „гуша“ кои ги остави Сергеј Самсоненко. Првиот човек на градот Петре Шилегов одбива да го преземе Вардар, токму поради високите долгови кои се околу 3,5 милиони евра, па за навивачката група „Комити“ токму тие двајца се „гробарите“ на овој клуб.
Моменталната ситуација во Вардар во една слика…
Решиле да го погребаат оние кои имаат ингеренции, власта и актуелното…Posted by Komiti Skopje on Sunday, 11 April 2021