Веќе објавивме дека капутите од овча кожа се еден од главните трендови оваа зима, што значи дека сите ѕвезди со уникатен стил веќе успеаја да набават неколку култни модели и ни покажаа како и со што треба да се носат.

Анализирајќи ги фотографиите на модните инфлуенсерки, може да се забележи дека оваа сезона во тренд се и класичните авијатор јакни и винтиџ издолжени модели во духот на 1970-те години.

Во овој случај, долгиот кафеав овчи капут, како моделот кој го носи бремената Елса Хоск, делува подобро од било кога. Ако мислите дека овчиот капут по правило треба да чини богатство, брзо ќе го разбиеме овој мит. Денес може да најдете модели по пристапни цени.

Погледнете како модерните девојки и инфлуенсерки го носат капутот број еден за оваа зима и инспирирајте се:

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм