Либански безбедносни извори велaт дека Израел ги напаѓа јужните предградија на Бејрут.

Според нив, најмалку два израелски воздушни напади ги погодија јужните предградија на либанскиот главен град Бејрут, упориште на Хезболах.

Израел сè уште официјално не го признал нападот, но околу 45 минути пред да се случи, арапскиот воен портпарол на ИДФ издаде наредба за евакуација на зграда во Харет Хреик, лоцирана во близина на упориштето на Хезболах, Дахиех.

 

Сè уште не е јасно која била целта на нападот, ниту дали некој е повреден.