Водителката Ирена Спировска која со години ја забавува македонската јавност со своите телевизиски емисии, несомнено важи за една од најубавите жени во нашата држава.

Покрај бројните професионални ангажмани, за неа обожавателите не знаат многу, затоа што Спировска приватниот живот го држи далеку од очите на јавноста. Иако ретко споделува моменти од својот приватен живот, на пријатно изненадување на многумина, овојпат Ирена реши да се пофали со еден нејзин подвиг.

Instagram
Принтскрин / Instagram

Имено, викендов во Скопје по деветти пат се одржа настанот „Прв до врв“ кој го организира здружението за спорт и рекреација од Скопје.

На најмасовното планинско искачување во регинот, организаторите нудат планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и тим билдинг активности за компаниите.

Instagram
Принтскрин / Instagram

Не е тајна дека нашата позната водителка своето слободно време го користи за уживање во природата. Па не е ни чудо што меѓу учесниците на „Прв до врв“ беше и Спировска која сподели неколку фотографии на својот инстаграм-профил на кои позира со својот партнер Душко.

Instagram
Принтскрин / Instagram

Во спортска комбинација и медал околу врат, Ирена позираше без грам шминка. Од фотографиите може да се забележи дека нашата водителка како воопшто да не старее, воодушевувајќи со својот природен изглед и уште еднаш ни покажа дека годините се само бројка.

Но, покрај добрите гени, нејзиниот прекрасен изглед се должи на здравиот начин на живот кој водителката несомнено го практикува.