Свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, привлекува негативни коментари со своите модни избори уште од моментот кога првпат се појави во светот на славните. Често правеше грешки, дури и ја промаши поентата на Мет Гала, а некако никогаш не успеа да ги исполни сите критериуми.

А сега, кога пристигна во Белата куќа и позираше со Трамп, многумина очекуваа убавата Џорџина конечно да блесне. Но, според коментарите, се случи спротивното.

Георгина се обиде да ги спои гламурот, луксузот и ненаметливоста, и сето тоа не и успеа, иако немаше ништо погрешно на неа. За оваа пригода, таа избра молив здолниште со мрежест детаљ, едноставна црна ролка и впечатливо крзнено палто.

Салонки, пунџа и накит, и секако, дијамантски веренички прстен што никогаш не го вади, беа таму за да комплетираат сè, но повторно, нешто не беше во ред.

„Толку многу пари за џабе“, „Во споредба со Меланија, таа изгледа како селска девојка“, „Колку и да се труди, не може да постигне врвен стил“, беа некои од коментарите.

Можеби со причина, можеби без, за ​​вкусовите не треба да се дискутира. Георгина Родригез овој пат не направи никакви фатални грешки, но сепак не успеа да ги освои симпатиите на модните критичари на социјалните мрежи.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) „Во споредба со Меланија, таа изгледа како селанка“: Убавата Георгина повторно трпи навреди е превземен од МАКФАКС.