Скопската зоолошка е омиленото место на најмалите, но и на повозрасните. Местото каде што за момент можете да пронајдете спокој во центарот на „градската џунгла“.

Животните, зеленилото и целата љубов која вработените секојдневно несебично ја даваат ја прави скопската зоолошка посебно место за сите нас.

Денес е посебно убав ден, бидејќи на официјалниот инстаграм – профил на зоолошката градина беше објавена прекрасна вест.

Се роди првото бебе алпака. Нашата Фелиција стана мајка на преслатка женка алпака, стои во објавата на „Скопје Зоо“


Младата алпака го доби името Дина.