Викторија Бекам неодамна присуствуваше на забавата по повод 50-тиот роденден на Ема Бантон, поранешна членка на „Спајс грлс“.
Модната дизајнерка не сакаше нејзината моментална семејна драма да влијае на нејзиниот јавен живот, па затоа ја испочитува својата поранешна колешка и се појави на роденденската забава.
Таа објави фотографии од прославата на својот Инстаграм профил, а јавноста имаше можност да ги види „Спајс грлс“ повторно обединети – иако не во нивниот целосен состав. Мел Би ја немаше.
„Среќен роденден на најубавата душа. Ве сакам девојки толку многу“, напиша Викторија во описот на фотографијата.За оваа пригода таа одлучи да облече кафеав костум што го комбинираше со бела маица. Како вистинска дама, го надополни својот стил со едноставна шминка, брановидна коса и нежна насмевка.
Коментарите од нејзините следбеници само продолжуваа, а повеќето од нив ѝ понудија зборови на поддршка на познатата дизајнерка.
„Викторија, те сакаме и те поддржуваме“, „Икони на моето детство“. „Викторија, со тебе сме“, се само дел од коментарите…
Да потсетиме дека скандалот во семејството Бекам ја тресе јавноста со денови. Нивниот најстар син Бруклин Бекам упати низа обвинувања против своите родители, тврдејќи дека се обиделе да му ја уништат свадбата, како и дека Викторија извела несоодветен танц.
Текстот (Фото) Викторија Бекам по секоја цена сака да го зачува својот јавен имиџ е превземен од МАКФАКС.























