Алесандра Амбросио неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Sandiwara“ во Лос Анџелес, а за таа пригода одлучи да облече романтична креација која ќе ве натера да воздивнете.
Tаа избра лелеав сатенски фустан во кафеава боја, најпопуларната боја оваа сезона, која го нагласува струкот.
Интересен беше и деталот од црна чипка во горниот дел, кој дополнително ја нагласи заводливоста на овој аутфит, а не треба да се изостави и деколтето, кое исто така е украсено со чипка на рабовите.
Впечатлив беше и длабокиот рез на бутот, кој му даде на ова креација, но и на жената што го носи, секси нота која долго ќе се памети. Алесандра го комплетираше целиот стајлинг со бисерен чокер во ретро стил, црна чанта, но и беж крзнено палто.
Што се однесува до фризурата, таа се одлучи за нежни бранови кои паѓаа по рамената, а нејзината природна, бразилска убавина дополнително ја истакна со шминка во земјени тонови.
Текстот (Фото/Видео) Секси стајлингот на фаталната Бразилка ќе се памети долго време е превземен од МАКФАКС.























