Познатата актерка Кирстен Данст (43) се појави на доделувањето на наградите БАФТА и сè остави во сенка, но не поради нејзиниот стил, туку поради мала модна несреќа што ѝ се случи кога пристигна на забавата по настанот.

Кирстен за оваа пригода избра едноставен аутфит, составен од црно здолниште и бела блуза.

Виолетовото сако со пуфкасти ракави го надополни нејзиниот аутфит, а потоа дојде редот на модната несреќа. Сепак, актерката победи дури и во таа „битка“.

Дури и облеката со највисок квалитет може да се скине, а Кирстен имаше среќа што здолништето ѝ се скина токму на шевот, па доби малку попровокативен шлиц и успеа да се справи со тоа.

Актерката го поддржуваше својот сопруг Џеси Племонс (37), кој исто така беше номиниран за наградата, па и покрај несреќата, таа цело време се насмевнуваше и позираше за фотографите и се однесуваше како ништо да не се случило.

Текстот (Фото/Видео) На славната актерка и пукна здолништето пред сите: милиметри ја делеа од катастрофа е превземен од МАКФАКС.