Пејачката Дуа Липа се појави на ревијата на Шанел во рамките на Неделата на модата во Париз и го привлече вниманието на публиката со својата необична модна комбинација.
Иако обично ја гледаме во провокативни комбинации, и на сцената и на социјалните мрежи, британската музичка ѕвезда блесна на ревијата во сосема поинаков аутфит – жолто-црн сет составен од миди здолниште, кратко закопчано сако со јака и копчиња со препознатливото лого, како и чанта со ист дизајн што ја носеше преку рамо.
Впечатливата комбинација што ја истакнуваше нејзината витка фигура и во која апсолутно не можете да останете незабележани ја зачини со црно-бели ретро чевли, со ремен околу глуждот.
Беше многу расположена и ги поздрави собраните фотографи, а нејзиниот избор на накит исто така привлече внимание.
Дуа Липа ја гледаше ревијата од првиот ред.
Текстот (Фото/Видео) Моден исчекор на познатата пејачка: Секогаш провокативна, а сега… е превземен од МАКФАКС.























