Вереницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез одлучи да ја покаже својата постара сестра, споделувајќи заедничка фотографија на својот инстаграм – профил…

На инстаграм – профилот на Георгина Родригез се појави една од ретките фотографии на која таа е со близок член од нејзиното семејство.

Instagram
Instagram

За животот на младата Георгина не се познати многу нешта, познато е само дека потекнува од Аргентина, дека се занимавала со балет и дека нејзиното семејство се преселило во Мадрид. Таму Георгина пронашла работа во дизајнерската продавница на „Gucci“, а своите танцувачки способности ги оставила на страна. Токму на тоа работно место ѝ се случи и судбинската средба со Роналдо со кој веќе неколку години се заедно.

Instagram
Instagram

Овој пат Георгина реши да ја покаже својата постара сестра, Ивана Родригез, така што сподели нивна заедничка фотографија, но на инстаграм – профилот на Ивана дојдовме до уште неколку интересни фотографии.

Ивана е исто така атрактивна девојка, има 30-години и е лудо вљубена во својот партнер Карлос Гарсија.

Instagram
Instagram

Иако јавноста досега не беше запознаена со нејзината сестра, изгледа дека Ивана и Георгина се многу блиски, па не нè зачуди фактот што заедно ги поминуваат празниците. Ивана, освен со Георгина, е блиска и со својата внука Алана Мартина, но и со Кристијано Роналдо и неговите други деца, како и со неговото семејство.

Instagram
Instagram

На јавно достапниот профил на Ивана може да се забележи дека си личи со својата сестра, а и нивниот моден вкус е сличен. И двете сакаат дизајнерски парчиња облека со кои го нагласуваат својот сексапил.

Instagram
Instagram

Преземено од Еспресо.мк