Утрово на редовна координација со директорите на Клиниките разговаравме за болничките капацитети, состојбата на болните, актуелната епидемиолошка состојба, објави Венко Филипче на својата фејсбук страница.
Тој додава:
Во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој. Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме, пишува Филипче.
Пред неколку дена поради пожарот во модуларната Ковид болница во Тетово, Филипче поднесе писмена оставка до Владата. Премиерот Зоран Заев изјави дека ќе одлучи за оставката по завршувањето на истрагата, а најави дека Филипче ќе доаѓа на работа и ќе ја извршува функцијата министер до конечната одлука.