Оваа фризура е на листата на најпосакувани фризури со години, а нејзината популарност продолжува и во 2026 година, и тоа со добра причина.

Можеби не им е јасно на сите зошто е тоа така, но Хејли Бибер редовно поставува трендови. На пример, ако Хејли Бибер се потстриже, многу девојки ќе влезат во фризерскиот салон со нејзината фотографија.

Кога станува збор за најновата фризура на оваа ИТ девојка, експертите за коса предвидуваат дека таа ќе биде најголемиот тренд во 2026 година, делумно благодарение на неа, а делумно благодарение на фактот дека е класика, фризура која никогаш навистина не излегува од мода.

Фризурата за која зборуваме е лоб.

Лоб-фризурата, или долг боб, е на листата на најпосакувани фризури со години, а нејзината популарност продолжува и во 2026 година, и тоа со добра причина.

Сместена некаде помеѓу класичниот боб и подолгата коса, лоб-фризурата е совршена рамнотежа за секој што сака промена без драстично шишање.

Она што ја прави лоб-фризурата толку популарна е нејзината разноврсност. Може да биде целосно права и елегантна, малку брановидна за опуштен изглед или разбушавена за доза на ноншалантна елеганција. Подеднакво добро функционира и на тенка и на густа коса, а со правилно шишање, може да даде впечаток на поголем волумен и движење.

Друга предност на фризурата со лоб е нејзината леснотија на одржување. Доволно е долга за врзување во опавче или пунџа, но доволно кратка за да изгледа уредно и свежо без многу напор. Токму затоа често ја избираат жени кои сакаат практичност, но не сакаат да се откажат од стилот.

Лоб е исто така фризура која е во чекор со промените – лесно се прилагодува на возраста, трендовите и личниот стил. Без разлика дали барате безбеден избор или суптилен нов почеток, лоб останува една од оние фризури кои ретко разочаруваат.

Текстот (Фото) Веќе ја имаме најпосакуваната фризура за 2026 година, и јасно е зошто е превземен од МАКФАКС.