Во Софија на две локации е организирано дарувањето крв за настраданите во пожарот во Кочани. Првата локација е пред влезот на болницата за итни случаи Пирогов каде што се наоѓаат и дел од настраданите а втората локација е во Центарот за трансфузиологија до хотелот Рамада.
Сите што сакаат да донираат крв за настраданите можат да го направат тоа денес до 14 часот по бугарско време а во Центарот за трансфузиологија цел ден. Од утре и на двете места ќе се може да се донира од 9 до 14 часот локално време.
Важна напомена -сите што сакаат да донираат крв за настраданите од Кочани кои што се хоспитализирани во болницата Пирогов треба да го потенцираат тоа.
Досега повеќе од стотина студенти во организација на Фондација Единство од Кочани, бугарскиот Црвен крст и претставници на македонските Бугари во Софија донираа крв за настраданите во трагедијата.




