Ванда Нара, или Ванда Икарди, сопруга на напаѓачот на ПСЖ, Мауро повторно објави провокативна фотографија на социјалните мрежи. Овој пат до затворен базен, но се чини дека имало премногу голотија, па фотиграфијата подоцна е избришана.
Ванда се налутила, реагирала, но не успеала ништо да стори, бидејќи правилата биле јасни. Сепак, таа не се откажува, доцна синоќа објави нови фотографии кои исто така се провокативни, но се чини дека во рамките на правилата на Инстаграм.