На социјалните мрежи се појавија фотографии кои покажуваат како изгледаат нозете на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Струмица. Од самата фотографија може да се забележи каква битка водат пожарникарите и каква жртва поднесуваат во борбата со пожарите. Засега, добри вести се тоа што нема ниту еден потешко повреден пожарникар, ниту цивилно лице. Единствената жртва е од Старо Нагоричане, 60 годишна жена, чие тело сепак не било пронајдено во опожарената куќа. За овој случај е отворена истрага.