Европската куќа на фудбалот (УЕФА) по реакцијата на македонското МНР се корегираше. Имено, претходно во делот на претставувањето на фудбалските федерации чии земји учествуваат на ЕУРО 2020, кај претседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски, во делот на националност стоеше Северномакедонци. Сега, по реакцијата од МНР тоа е сменето и стои Македонци.