По стапувањето во сила на Уредбата за униформи и симболите за ПОЛИЦИСКИТЕ униформи врз основа на Законот за употреба на Албанскиот јазик, денеска заедно со колегата Оливер Спасовски истото започнуваме да го спроведуваме во практика, напиша заменик министерот во МВР, Назим Буши.

Тој порачува:

Со ова се исполнува уште едно ветување кое произлегува од Охридскиот Рамковен Договор каде полициските униформи ќе бидат и на Албански јазик.

Ова е и чекор кон исполнување на законската обврска, но и зголемување на довербата меѓу полицијата и Граѓанинот, а оваа доверба ќе влијае и на создавање поотворени и подемократски институции.

Оваа одлука е веќе објавена и во Службен весник.