Сопругата на Бруклин Бекам, 31-годишната Никола Пелц, заедно со другите членови на семејството Бекам, деновиве е во центарот на вниманието, особено поради објавата на социјалните мрежи што дојде само неколку часа откако познатите Бекамови се појавија без неа и нејзиниот сопруг во Париз.

Откако Никола се огласи објавувајќи романтични моменти со сопругот, истото го направи и Бруклин. Меѓу фотографиите што ги објави беше и онаа на која Никола е гола во кревет, што, како што се очекуваше, предизвика најмногу реакции, а сето ова доаѓа во средината на кавгата на Бруклин со неговото семејство.

На „контроверзната“ фотографија, Никола лежи во кревет покриена само со бело ќебе и го гушка нивното куче, додека други слики ги прикажуваат нивните романтични моменти и најдобрите моменти од нивниот одмор.

Објавата предизвика бројни коментари, а реакциите од корисниците на социјалните мрежи беа поделени.

„Значи, тоа е твојата дефиниција за приватност, Бруклин? Интересно…“, „Само ме интересира дали живееш од свои пари сега кога си ги блокирал родителите“, „Семејството не е сè. Тоа е лекција што ја учам и самиот. Држи се до твојата сопруга, таа е твое семејство“, се само дел од коментарите.

Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, јавно ги прекина сите врски со своето семејство на почетокот на месецот и нагласи дека не сака да се смири со нив, тврдејќи дека се обидуваат да му го уништат бракот.

Тој и Никола Пелц се венчаа во април 2022 година на раскошна церемонија во Флорида.

Текстот (Фото) Топлесот„ги помрси конците“: Бруклин Бекам објави интимни фотографии од сопругата е превземен од МАКФАКС.