Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески добил смртна закана преку писмо кое било испратено од него. Писмото рачно напишано на англиски, но и искуцано, а самите се нарекуваат терористичка организација. Во писмото велат дека ќе го убијат Јовески доколку не ги ослободат новинарите од ТВ Алфа, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ. Но, за овој случај како што велат од Обвинителството постапката е запрена во 2021 година бидејќи немало елементи за кривично гонење.
-Новинарите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, слободно да бидат ослободени бидејќи се новинари кои се од највисоки еминентни и заслуги и имаат астрономска поддршка насекаде низ државата, кои ќе се борат и ќе ги бранат до последна капка крв како што овие новинари го претставуваат и се гласот на македонскиот народ. Љубомир Јовески ослободете ги еднаш, ослободете ги од сите обвиненија бидејќи се невини за какво било злосторство или Љубомир Јовески ќе те убиеме многу брзо. Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа, пишува во писмото.
Обвинителот Јовески вели дека ваквите закани нема да го поколебаат тој да ја врши својата работа.