Пејачката Тејлор Свифт брилираше на доделувањето на Греми наградите, бидејќи по овогодишната церемонија се впиша во историјата станувајќи првата жена уметник која три пати освоила награда за албум на годината, на што и честита и колешката Бијонсе.

Имено, Бијонсе на својата помлада колешка и испратила букет цвеќе и рачно напишана порака во која и честиташе за постигнатиот успех.

„Честитки за Греми. Беше супер да те видиме во неделата. Ти благодарам што секогаш си полна со поддршка. Ти испраќам љубов тебе и на твоето семејство. Б.“, напиша Бијонсе.

Фото: Инстаграм

„Се пробудив и затекнав цвеќе од кралицата на милоста и големината Бијонсе и одеднаш тоа беше најдобиот петок некогаш“, напиша Тејлор покрај фотографијата.

Да се потсетиме, Бијонсе и Тејлор по овогодишните доделувања на Греми наградите се впишаа во историјата. Бијонсе стана најнаградуваната изведувачка на сите времиња, додека Тејлор стана првата жена уметник која три пати освојува награда за албум на годината.