Славната актерка на 55 години ги воодушеви своите следбеници со нова фотографија во прекрасен деколтиран фустан…
Мексиканско-американската актерка Селма Хајек (54) со својот изглед во 55-та година од животот ги воодушеви најверните обожаватели и се пофали пред огромниот број на следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, славната актерка се уште мами воздишки ширум светот со својот изглед, а овој пат во зелен лелеав фустан го истакна своето бујно деколте.
Селма изгледа фантастично за своите години – има совршено деколте, тенок стук и младолико лице, а на добриот изглед можат да и позавидат и двојно помладите жени.
За оваа прилика таа носеше бисерен ѓердан околу вратот, додека долгата коса ја пушти преку рамената. На лицето има блага шминка, а на ушите носеше бисерни обетки со кои го надополни изгледот.
Таа ги подигна рацете во височина и покажа колку е силна, а им се заблагодари и на следбениците на Инстаграм на силната поддршка.
„17 милиони следбеници“, напиша Селма во описот на фотографијата покрај која ги додаде ознаките „љубов“, „ благодарна“, „17“ и „зелено“.
„Најдоброто деколте на сцената“, „Селма стареееш како добро вино“, „Навистина е лудо колку добро изгледаш“, се само мал дел од коментарите кои беа исполнети со пофалби.