Лиса Кудроу својот приватен живот го чува далеку од очите на јавноста. Сепак, по повод 23-от роденден на нејзиниот син единец, таа направи исклучок.

Добитничката на Еми наградата сподели снимки на „FaceTime“ од повикот со нејзиниот син Џулијан, па фановите добија ретка можност да видат како тој изгледа денес.

„Ништо на планетата Земја не може да ве подготви за мајчинство“, рече гордата мајка во интервју за „People“ во јули 2018 година.

Да потсетиме, за време на снимањето на 4-та сезона на „Пријатели” Кудроу беше бремена со Џулијан, а нејзината бременост беше забележана и во самата серија. Во една прилика, таа исто така рече дека нејзините актерски колеги со задоволство го вклучиле нејзиното неродено дете во нивните разговори и од самиот почеток му се обраќале по име.

„Преслатко, тие го вклучија мојот мал фетус во нашето дружење“, се сеќава таа.