Оваа полна месечина е за 14 проценти поголема и 30 проценти посветла од онаа која сме навикнати да ја гледаме затоа што е биде поблиску до Земјата.

epa-efe
Сиднеј, Австралија / Извор: EPA-EFE/MICK TSIKAS

Астрономите оваа необична појава ја нарекуваат Супермесечина. Тие објаснуваат дека четвртиот месец од годината го означува почетокот на сезоната на Млечниот Пат. Нашата галаксија може да се види убаво во доцните априлски ноќи и пред зори.

Но, не мора да се грижите доколку не сте ја виделе розовата месечина вчера, бидејќи ќе имате шанса да ја видите и вечерва, под услов небото да не е покриено со густи облаци.

epa-efe
Фотографија направена во близина на селото ‘Ржаничино, Скопје  / Извор: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Името „розова“ го добила не затоа што навистина ќе заблеска со таква боја, туку затоа што оваа појава е поврзана со цветањето на розовата мов во САД и Канада, што обично се совпаѓа со доаѓањето на полната месечина, што во овој период од годината е малку поблиску до Земјата па се чини поголема и посветла.

EPA-EFE
Кејп Недик, во Јорк, Мејн, САД / Извор: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Другите полни месечини кои ќе ги видиме во наредните месеци, ќе имаат свои особености како на пример „Цветна Месечина“ која се очекува да се појави на 26 мај, „Месечината јагода“ на 24 јуни или „Месечината на еленот“ на 23 јули…

epa-efe
Лос Естанкос, Фуертевентура, Канарски Острови, Шпанија / Извор: EPA-EFE/Carlos De Saa
epa-efe
Сиднеј, Австралија / Извор: EPA-EFE/MICK TSIKAS