Преку Европскиот Механизам за Цивилна заштита продолжува да пристига помош од Австрија со специјализирани возила и персонал за справување со шумските пожари. На граничниот премин “Табановце” беа пречекани од страна на зам. Директорот на ДЗС Зулфиќар Зејнулаи и офицерот за врски на ЕРЦЦ од Брисел, г-дин Ради Хифнави и потоа заедно се упатуваат кон критичните точки во Берово и Пехчево.