Србинот Петар Гочобија ја претставува Норвешка на овогодинешниот избор за Мистер Универзум, кој ќе се одржи на 21 декември, но неговите фотографии веќе ги преплавија социјалните мрежи.

На официјалниот профил на The Mister Universe се наведува дека Петар е роден во Србија и има 22 години. За време на неговото претставување на тој профил, тој откри и дека токму ова е остварување на неговиот сон. Освен што е еден од кандидатите за најубав маж, тој е и студент на последна година по медицина.

„За Петар, натпреварот Мистер Универзум не е само сцена или рефлектор; станува збор за почитување на неговите корени, претставување на неговата земја и инспирирање на другите да веруваат во себе и бестрашно да ги следат своите соништа“, наведуваат под видеото.

Неговите фотографии набрзо се проширија на социјалните мрежи, а Петар стана главна тема.

„Сакам да ме прегледаш“, „Балкански воин“, „Аполон од Србија“, „Убавец, благослов за жените во Норвешка“, „Барам таков маж“, беа некои од коментарите.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Србин ја претставува Норвешка на изборот за Мистер Универзум: жените „полудеа“ по згодниот доктор е превземен од МАКФАКС.