Актерот Срѓан Жика Тодоровиќ стана нов корисник на социјалната мрежа Инстаграм. Имено, синот на легендарниот Бора Тодоровиќ неодамна направи својот профил на Инстаграм, а за кратко време веќе има повеќе од 18 000 следбеници. Сепак, интересно е тоа што Жика порано не бил поддржувач на социјалните мрежи и тоа никогаш не го интересирало. Покрај тоа, тој не ни знаел за Инстаграм како социјална мрежа, ниту пак како се користи.

Срѓан Жика Тодоровиќ со сопругата  Ана  – Instagram

Од социјални мрежи претходно Тодоровиќ користел само Вибер – за комуникација, од бројните популарни апликации.

И покрај фактот дека Жика и понатаму бил незаинтересиран, неговата сопруга Ана сепак успеала да го убеди да создаде свој личен инстаграм – профил. Веднаш штом го активирал профилот, веднаш го заследиле неговите колеги. Актерите, меѓу кои се Јелисавета Орашанин Теодосиќ, Милош Биковиќ, Виктор Савиќ и други, објавиле дека Жика има личен инстаграм – профил на своите профили и апелирале до нивните следбеници да го заследат.

Instagram

Жика најчесто објавува фотографии од моменти од неговата младост, но и нови фотографии во дружба со неговата сопруга, неговата сестра и пријателите.

Срѓан Жика Тодоровиќ со бендот ЕКВ по настап-концерт во Скопје 1989 -Instagram

Една фотографија која особено не привлече е една од неговите последните објавени на социјална мрежа. Како што наведе Жика во описот таа датира од 1989 година, а тој е фотографиран со членовите од култниот бенд Екатерина Велика – ЕКВ по концерт –  настап во Скопје.

Жика во тоа време бил дел од бендот ЕКВ како тапанар.