На 78-то доделување на Златниот глобус се појави и оскаровката Рене Зелвегер…

Славната актерка Рене Зелвегер на доделувањето на Златниот глобус собра најмногу коментари, како позитивни, така и негативни. Многумина беа воодушевени од нејзиниот стил и елегантниот црн фустан кој одлично и прилегаше, но многумина исто така и забележаа дека нејзиното лице не е тоа истото и дека најверојатно го позајмила.

Фото: Профимедиа

Фановите и забележаа на актерката за претераните естетски корекции. Како што велат тие, таа сакала да остане што е можно подолго младолика, но всушност претерала со ботоксот и го „заледила“ својот изглед.

Коментирајќи ги нејзините слики објавени на социјалните мрежи од самото доделување, многу фанови и забележаа за недостатокот на килограми и дека од слатките образи на Рене ништо не останало.